МЛАДИНЦИТЕ НА „ОСОГОВО“ ПИШУВААТ НОВА ИСТОРИЈА?

Во Спорт
април 3, 2023
1 минути

Младинската екипа на „Осогово“ од Кочани е пред испишување на нова историска страница. Имено, во Среда (05. Март) со почеток во 16:00 часот на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ќе се одигра 1/4 финалниот натпревар од Младинскиот Куп на Македонија за генерација У-19, „Осогово“ – „Македонија ГП“.

Да се потсетиме само дека досега Младинците на „Осогово“ го имаат освен еднаш Купот на Македонија, откако на 22.05.1996 година на „Градскиот стадион“ во Скопје ја совладаа екипата на „Саса“ со 2:0.

Епа ајде љубители на фудбалот во Кочани, во Среда да се собереме во што поголем број на трибините и да им помогнеме на нашите деца да стигнат до полуфиналето а зошто потоа не и во финалето на овогодишниот Куп.

Нашата помош ќе им биде драгоцена.

С.  Ивановски