Доволно е само малку да се ѕирне во внатрешноста на зградата на ЈЗУ „Здравствен Дом“ – Кочани за да се добие појасна слика за тоа во какви услови се лекуваат Кочанчани.

Трите фотографии кои ни ги испратија денес се од внатрешниот дел на објектот, каде се гледа што останало од светилките, а и во каква состојба се тоалетите. Тоа што го виделе, тоа и го фотографирале.

Со години се ветува реновирање на овој објект, но колку и да се менуваат политички партии на власт, состојбата останува непроменета. Сите ветувања се сè додека не завршат изборите, а потоа, нека се снаоѓа секој како знае и умее.

С. Ивановски

41

43

44

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари