СОУ „ЉУПЧО САНТОВ“ – ЗАВРШЕН ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ „ЕВРОПСКИ ДИМЕНЗИИ НА СТРУЧНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ЕКОНОМИЈАТА

април 4, 2023
1 минути

Во рамките на проектот Европски димензии на стручното образование во економијата, проект од програмата Еразмус +, шест ученици од економско – правна и трговска струка присуствуваа на 14 дневна пракса со цел запознавање со работата на Европските проекти.

Тројца ученика праксата ја реализираа во невладина организација во Кушадаси (Турција) а другите тројца во невладина организација во Пазарџи, (Бугарија).

Во текот на праксата учениците се запознаа со реализацијата на Европски проекти од самата идеја за проект, изнаоѓање на начини на финансирање, истражување на фондови кои финансираат конкретни активности, склучување партнерства, планирање на активности, реализација на активностите, извештај за реализираните активности, како и со сите документи кои произлегуваат од реализацијата на одреден проект.

Учениците исто така имаа можност да се стекнат со одредени вештини за работа во канцеларија, а присуствуваа и на интернационални конференции на кои присуствуваа претставници од повеќе држави, се запознаваа со начинот на планирање, организација и реализација на работилници.

Ова претставуваше одлична можност стекнатите знаења да ги применат во пракса.

Проектите од програмата Еразмус + покрај тоа што овозможуваат стекнување знаења и вештини, претставуваат и можност за запознавање на културата и традицијата на државата во која се престојува.

За време на викендите и во слободното време учениците имаа можност да посетат повеќе градови и културно историски локалитети.

СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ