И во Кочани, и во Оризари трендот на вадењето на решетките од сообраќајниците продолжува. Дали од задоволство некој ги вади или пак некој ги краде тоа допрва треба да се утврди, но факт е дека по нивното вадење на улиците остануваа отвори кои се голема опасност за возачите, посебно во ноќните часови.

Денес учесници во сообраќајот и од Оризари но и од Кочани ни испратија фотографии. Во градот особено загрижувачки е отворот на улицата помеѓу крстосницата „Чеплен“ и Управната зграда на „Македонски пошти“.

Според некои наши сограѓани, решетките некој намерно ги вади, а додека според други поради нивниот лош квалитет тие се оштетуваат и се отстрануваат без при тоа на нивно место веднаш да се постават нови.

С. Ивановски

43

44

46

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари