Вечерва околу 19:30 часот кај бензинската помпа на „Макпетрол“ во близина на „Косовка“ дошло до сообраќајна несреќа на две патнички моторни возила.

Според очевидци до несреќата дошло кога ПМВ „Мерцедес“ со штипски регистарски таблички на влегување во градот налетал на ПМВ „Пежо 107“ со кочански регистарски таблички.

Направена е голема материјална штета особено на „Пежо 107“.

Истрагата ќе ги покаже причините на несреќата и како дошло до неа.

С. Ивановски

16923352_1235061626589985_8

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари