Со натпреварот „Кочани“ – „Тиверија“ 4:3 (2:2) што се одигра денес на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани, завршија сетот подготвителни натпревари за кочанчанки. Головите ги постигнаа Верица Ѓеорѓиева (2), Анета Горгиева и Катарина Петровиќ по 1.

Оценка е дека девојчињата на тренерот Оливер Јовановски подготвени ќе го дочекаат пролетниот дел од првенството. Место за задоволство во таборот на „жетварките“ има по одиграните три подготвителни натпревари (Кочани-Драгон 2:0;  Кочани-Речица 6:2, и Кочани-Тиверија 4:3) кои сите ги решија во своја полза со гол разлика 12:5.

Верица Ѓеорѓиева и Анета Горгиева „експлодираа“ на подготовките постигнувајќи по пет голови а по еден постигнаа Деспина Иванова и Катарина Петровиќ.

„Задоволен сум од она како одигравме на овие три подготвителни натпревари. Систематско одработените тренинзи за време на подготвителниот период ќе ги дадат посакуваните резултати. Верувам дека уште на стартот ќе ја покажеме нашата спремност и дека во пролетниот дел од првенството ќе имаме многу подобри резултати од оние есеноска“ изјави тренерот на ЖФК „Кочани“, Оливер Јовановски.

На стартот на пролетниот дел од првенството кое започнува следниот викенд (4 и 5 Март) „Кочани“ му гостува на „Борец“ во Велес.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари