СО ПРИГОДНА ПРОГРАМА ОООУ „МАЛИНА ПОПИВАНОВА“ ГО ОДБЕЛЕЖА ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК

април 7, 2023
1 минути

Со положување на свежо цвеќе пред бистата на Малина Попиванова започна чествувањето на патрониот празник на истоименото основно училиште во Кочани.

Чествувањето започна со интонирањето на химната на Република Македонија, а потоа свежо цвеќе на бистата на хероината положија делегации, од училиштето, од Локалната самоуправа и од Здружението на борците од НОВ.

Во салата на училиштето присутните гости кои беа поканети да присуствуваат на културно-забавната програма ги поздрави директорот на ООУ „Малина Попиванова“ Благој Петров.

С.  Ивановски