Заедничкиот член на Џудо клубовите „Гладијатор“ од Кочани и „Полисе“ од Приштина (Косово) Резарта Алими донесе нов златен медал, овој пат од Меѓународниот џудо турнир кој викендот се одржа во Требиње (Босна и Херцеговина).

Резарта настапи во категоријата до 13 години до 52 килограми.

Во клубот задоволство од постигнатиот резултат бидејќи како што истакнуваат турнирот бил доста масовен, настапиле 450 натпреварувачи од 9 држави.

Следната активност ЏК „Гладијатор“ ја има на 19 Март кога во Прилеп ќе се одржи „Државното првенство во џудо за пионери“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари