Порталот komarec.com.mk дознава дека од крајот на минатата година подрачјето што го покрива Полициската станица – Кочани се соочува со недостаток на регистарски таблички за мопеди, моторцикли и трактори.

Иако сопствениците на овие возила уредно поднеле барање во трите станици за технички преглед за добивање на таблички, еве веќе трети месец како истите не можат да ги добијат.

Сите тие во законскиот рок извршиле технички преглед на своите возила кој трае 30 дена, но откако ќе ги добијат регистарските таблички тие ќе се соочат со нов проблем, односно ќе мора да извршат повторно технички преглед на возилата кој нормално ќе мора и да го платат.

Но еден проблем не оди сам, поточно од пред некој ден се појави и друг проблем, недостаток на сообраќајни дозволи, па така ако некој треба да ја замени неговата сообраќајна дозвола чиј рок е истечен, не ќе може тоа да го направи бидејќи нема од каде да ја добие новата.

Крајно време е ваквиот проблем со кој моментно се соочуваат корисниците на моторни возила да биде решен бидејќи нивните сопственици со ова се стават во подредена улога иако истите на време ги имаат регулирано законските обврски.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари