Иако организаторот на вечерашниот протест „За заедничка Македонија“ никој не го знаеше или не сакаше да го каже, сепак вечерва во „Паркот на револуцијата“ во Кочани се собраа дел од граѓаните на Кочани и околните општини кои со свирчиња го изразија своето незадоволство кон Албанската платформа.

Тие од „Паркот на револуцијата“ преку улицата „Кеј на револуцијата“, „Градскиот плоштад“ и улицата „Маршал Тито“ поминаа низ Градскиот Трговски Центар.

Беше најавено обраќање од скалите кај големиот паркинг во ГТЦ но поради дождот никој не им се обрати на присутните.

С. Ивановски

DSCN9885

DSCN9890

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари