Со учество на средните училишта „Љупчо Сантов“ (Кочани), Миле Јаневски – Џингар (Македонска Каменица), Методи Митевски – Брицо (Делчево) и „Ацо Русковски“ (Берово), во „Спортската сала“ во Кочани денес во организација на „Сојузот на училишен спорт“ – Кочани се одржаа годинешните „Зонски натпревари“ во кошарка.

Резултати од полуфиналните натпревари:

„Љупчо Сантов“ – „Ацо Русковски“  65:45

„Миле Јаневски – Џингар“ – „Методи Митевски – Брицо“  69:47

Финале:

„Љупчо Сантов“ – „Миле Јаневски – Џингар“  89:49.

Средношколците од „Љупчо Сантов“ како победници на „Зонските натпревари“ се стекнаа со право на учество „Регионалните натпревари“ кои се планирани да се одржат за една до две седмици.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари