Бирото за рамномерен регионален развој ќе поддржи реализација на два проекта во Кочани. Тоа се изградбата на спомен-обележјето на Никола Карев во месноста „Свиланово“ и изградба на патот кон селото Јастребник, од „Мала Река“ до „Влашка Орница“.

Одлуката за поддршка на овие проекти е донесена вчера, на седницата на Советот за рамномерен регионален развој, чиј член е и градоначалникот Ратко Димитровски, како претседател на Источниот плански регион.

За спомен-обележјето на Карев, како регионален проект со општините Чешиново- Облешево и Пробиштип, ќе се наменат околу 5.700.000,00 денари, а 2.000.000,00 за изградбата на најкритичниот дел од патот кон Јастребник.

Реализацијата на проектите ќе се спроведува преку Општина Кочани, во текот на оваа година.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари