ТРЕТА ФУДБАЛСКА ЛИГА -ИСТОК, ПРВА МЕЧ ТОПКА ЗА „ОСОГОВО“

Во Спорт
април 8, 2023
1 минути

Недела, 15:00 часот, термин за кога се закажани натпреварите од 17-тото коло во Трета Фудбалска Лига – Исток.

Во Кочани се игра дерби натпреварот помеѓу двете првопласирани екипи. Кочанчани се со предност од 5 бодови и со евентуална победа над незгодната екипа на „Овче Поле“ и натпревар повеќе ја имаат првата меч топка за освојување на првото место.

Во Берово пак на програмата е регионалното дерби кое секогаш носело неизвесности бидејќи екипата од Делчево знаела токму кога е најпотребно да одигра и да им го разочара денот на навивачите на „Малеш“.

Академците патуваат во Богданци, додека во Струмица се игра локалното дерби. Забревтаното Карбинци ги пречекува „рударите“ од Пробиштип.

Двојки од 17-тото коло:

„Осогово“ – „Овче Поле“

„Малеш“ – „Брегалница сениори“

„Вардарски“ – „Академија Чешиново-Облешево“

„Тиверија“ – „Спартмани“

„Карбинци“ – „Рудар“

Слободна е екипата на „Дојранско езеро“

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ