Денес се одиграа три од закажаните четири натпревари со што и официјално започна пролетниот дел од првенството во Првата Фудбалска Лига за жени.

Екипата на „Кочани“ со резултатски пресврт стигна до бодовите во Велес против домаќинот „Борец“ со што му се реваншираа за есенскиот пораз во Кочани кога беа поразени со 2:5.

Првото полувреме навестуваше нов пораз за девојчињата на тренерот Оливер Јовановски бидејќи на одмор заминаа со негатива 1:2, но во второто полувреме кочанчанки заиграа како знаат и умеат и на крајот успеаја да победат со 3:2.

Стрелци на головите за „Кочани“ се дело на Верица Ѓеорѓиева, Катарина Петровиќ и Анета Горгиева.

На останатите два натпревари се постигнати следните резултати:

„Истатов“ – „Тиверија“  2:0

„Драгон“ – „Речица“  3:1

Во Недела во Битола се игра градското дерби „Атлетико“ – „Топ Гол“, а екипата на „Ас Јунајтед“ беше слободна во првото пролетно коло.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари