На 04.03.2017 година во 00,45 часот во Кочани на крстосницата од улиците „Киро Кекенски“ и „Теодосија Паунов“ се случила сообраќајна незгода во која ПМВ „Опел Корса“ со штипски регистарски ознаки управувано од Д.П. (23), удрило во пешак на возраст од 17 години и двајцата од Кочани.

Во незгодата пешакот се здобила со тешки телесни повреди (отворена фрактура на лева подколеница, скршеница на десна клучна коска на рамото и потрес на мозокот), кои и биле констатирани во ЈЗУ Кочани, по што била препратена на понатамошно лекување во КЦ Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Кочани.

Извор: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари