Победите на кошаркарите на „Баксет Дино“ во У-12 (заостанат натпревар) против МВП Струмица и во Третата Лига против „МЗТ“ беа збогатени со победата во неделата кога беше и третиот противник фрлен на грб.

Во рамките на 6-тото коло од У-12 лигата, во „Спортската сала“ во Кочани „Баскет Дино“ ја совлада екипата на „Карпош Соколи“ со резултат 67:29.

По првата четвртина која домаќините ја решија во своја полза 18:05 сите помислија дека победата е обезбедена, но во втората четвртина гостите заиграа подобро и успеаја да ја намалат разликата на крајот на полувремето на достижни 10 поени.

Но она што се случи во третата четвртина е „приказна за себе“,  домаќините заиграа во свој стил и оваа четвртина ја решија во своја полза со 24 поени разлика (26:02) и си обезбедија мирна завршница.

До крајот на овој дел од првенството остануваат уште две кола а секако дека натпреварот од последното коло против „МЗТ“ ќе покаже кој е најдобар во оваа група во У-12 лигата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари