Резарта Алими го донесе и четвртиот златен медал откако е заеднички член на Џудо клубовите: „Гладијатор“ од Кочани и „Полисе“ од Приштина (Косово).

Овој пат таа се искачи на највисокото место на пиедесталот на Меѓународниот џудо турнир што се одржа во Полска, откако во трите борби ги совлада сите свои противници со ипон.

Резарта настапи во категоријата до 13 години до 53 килограми.

Инаку, за време на викендот 15 членови на Џудо Клубот “Гладијатор“ заедно со џудистите на „Кожуфчанка“ (Кавадарци) и „Сенсеи“ (Родовиш) под менторство на Габриел Септа одржаа заеднички тренинг во Кавадарци.

С. Ивановски

17155435_729728290519480_9187340984183412220_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари