НК за КР Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против А.Л. (31) од Кочани поради постоење на основно сомнение дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

По претходно добиени оперативни сознанија и дадени насоки од ОЈО Кочани преземени се мерки и дејствија во врска со направен „бункер“ односно место каде била складирана поголема количина на опојна дрога – марихуана, во близина на „Градскиот базен“ во Кочани.

Во временскиот период од 01-04.03.2017 година од страна на полициски службеници вршена е операција на терен и пошироката околина како и на лицата и возилата кои биле во непосредна близина на „бункерот“.

На 04.03.2017 година во 13:00 часот најпрвин е забележано ПМВ „Мерцедес“ со бугарски национални ознаки, управувано од пријавениот, при што истиот дошол до „бункерот“ каде била складирана опојната дрога – марихуана и при обид истата да ја земе, од страна на полициски службеници му била издадена наредба да застане, но истиот се дал во бегство. По брзата интервенција на полицијата пријавениот е фатен и лишен од слобода.

Од преземените мерки и дејствија утврдено е дека пријавениот кон крајот на месец Февруари 2017 година од непознато лице од Гевгелија неовластено набавил 16 целофански пакувања опојна дрога–марихуана, сместени во две патни торби и истата ја држел заради продажба.

На 04.03.2017 година од полициски службеници со потврда за привремено одземени предмети е одземена од пријавениот и истата е со нето маса од 14.717 грама, утврдено со вештачење од 05.03.2017 година извршено во ОКТИВ при МВР на РМ.

Судија на претходна постапка на пријавениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

МВР на Р.Македонија

СВР – Штип

Марихуана 2

Марихуана 3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари