ДЕНЕС ВО ДОМОТ НА ДИМЧЕ НЕШЕВ ВРАЧЕНО ПРИЗНАНИЕТО ЗА ЛИЧЕН ПРИДОНЕС И АФИРМАЦИЈА НА БОРЕЊЕТО

Во Спорт
април 11, 2023
0 минути

Претседателот на „Здружението на борачи ветерани на Македонија“ Трајче Димков денес во домот на кочанската боречка легенда Димче Нешев му го врачи признанието „За личен придонес и афирмација на борењето“.

На  чинот на врачувањето на признанието присуствуваа и Влатко Соколов и Орце Митров едни од повеќето легенди на Кочанското борење но и на борењето во Македонија.

Инаку свеченоста на врачување на признанијата беше во петокот во Радовиш, но поради оправдани причини Димче Нешев не беше во состојба да присуствава на церемонијата па така она што не се случи во петокот се случи денес во Кочани.

Потегот на Претседателот на „Здружението на борачи ветерани на Македонија“ Трајче Димков е за поздравување.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ