Јавната прометна површина во и околу ГТЦ од ден на ден станува се полоша особено за минувачите. Оштетени скали, искршени мермерни плочи, оштетени жардинјери се дел од секојдневната глетка во ГТЦ. Ако веќе Општина Кочани просторот околу станбените згради го прогласи за јавна прометна површина од која преку наплата во буџетот се слеваат не мала количина на средства, тогаш треба да си ги земе работите во свои раце и да ги санира сите овие недостатоци. На прагот сме на есенската и зимската сезона кога по обилните дождови најголема штета од искршените мермерни плочи имаат дуќанџиите во подрумските простории. Затоа неопходно е да се искористат овие топли денови и да се санираат сите оштетувања бидејќи по неколку месеци се ќе биде задоцнето. С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари