СООПШТЕНИЕ ОД ОО СДСМ ЗРНОВЦИ

април 12, 2023
0 минути

Почитувани,

Праксата на не почитување на институциите од страна на директорите од редовите на Дпмне во Општина Зрновци продолжува со исто темпо како и во минатото. Во работно време без ни малку почит кон децата, директорките на детската градинка и училиштето како и секретарот на училиштето послушно стоеја пред нивниот партиски лидер ни самите не знаејки во кое својство се таму ниту тие ниту тој. На нив не им се важни децата и работните позиции од кои тие земаат плата но важна им е партиската послушност да им биде над се. Вооедно да ги потсетиме дека увидот кој го направија на проектите се финансирани од министерствата предводени од Владата на СДСМ, со што се докажува дека Владата се грижи за сите свои граѓани подеднакво во сите општини.

Во прилог фото од погоре пишаното.

Со почит

ОО СДСМ ЗРНОВЦИ