Синоќа околу 23:40 часот избувнал пожар на улица „Охридска“ во Кочани. Опожарен е објект во кој привремено престојувало лицето В.С. (62).

Веднаш по пријавувањето на пожарот излезена е противпожарна екипа која истиот за кратко време го има локализирано. Во опожарениот објект пронајдено е  јагленисано тело за што на местото на настанот излезени се полициски службеници.

Во текот на денешниот ден се врши увид по што ќе бидат разјаснети причините за пожарот и ќе биде извршена идентификација на јагленисаното тело.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари