Неодамнешната најава од надлежните служби во Општина Кочани дека е започнато со отстранување на недостатоците во повеќенаменските игралишта и спортските сали ги израдува спортистите кои за тренинзи и одигрување натпревари ја користат „Спортската сала“.

Некогашниот храм на кошарката, борењето, каратето и други мали спортови потребно е да добие една мала „инјекција“ за да бидат отстранети сите недостатоци.

Најпрвин неопходна е замената на одреден број прегорени неонски светла, бидејќи на некои места во салата има повеќе мрак, одошто светлина. Потребно е освежување на паркетот, односно пребојување на деловите каде боја воопшто и не постои.

Инвестицијата не е голема ако се земе во предвид што сè изгради општината во реони каде ниту се чуваат заедничките добра, ниту некој се обидува истите да ги спаси од наездата на несовесни граѓани.

Спортистите од „Спортската сала“ искрено се надеваат дека и нивниот објект ќе биде дел од реконструкциите кои ги планира Локалната самоуправа и дека условите за работа ќе им бидат значително подобрени.

С. Ивановски

DSCN9834

DSCN9906

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари