Во организација на Карете федерацијата на Македонија во Скопје се одржа традиционалниот Меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин 23017“ на кој се појавија 560 натпреварувачи од вкупно 40 клубови.

Кочанското карате и годинава беше застапено со 12 каратисти од Карате Клубот „Партизан“ и од Карате Клубот „Кочани“.

Дванаесетчлената делегација на Карате Клубот „Партизан“ во “градот на оризот“ се врати со вкупно 9 освоени медали од кои 3 златни, 4 сребрени и 2 бронзени.

47

Првото место и златниот медал го освоија Мартина Шахинова до 54 килограми (2002) и Горги Петров во категориите до 50 килограми и над 50 килограми (2004).

Ива Таушанова до 54 килограми (2003), Кристијан Грозданов до 40 килограми (2004), Љупчо Пејов до 50 килограми (2004) и Филип Стојанов над 30 килограми (2007) се носители на сребрениот медал, а додека Роберто Здравковски до 52 килограми (2003) и Кристијан Грозданов до 45 килограми (2004) ја освоија бронзата.

Карате Клубот „Кочани“ настапи со 7 натпреварувачи кои на крајот стигнаа до 2 сребрени и 1 бронзен медал.

Среброто го освоија Ана Марија Минова над 54 килограми (2003) и Љубомир Давитков до 65 килограми (2002), а додека бронзата се најде на градите на Натаил Веселиновска над 47 килограми  (2004).

За прв пат на татамите излегоа и најмлади членови на Карате Клубот „Кочани“ кои го осетија натпреварувачки дух на турнирите и се перспективата на клубот.

С. Ивановски

42

43

44

46

45

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари