Половичен успех имаа пингпонгарите на „Кочани“ во воведните две кола во пролетниот дел од првенството.

Кочанчани најпрвин во рамките на 8-то коло како домаќини ја совладаа екипата на „Борец“ од Велес со високи 5:1, за да во денешното 9-то коло загубат во дерби натпреварот од „Мултитекс“ во Битола со 4:5.

Самиот резултат кажува дека во Битола се водела изедначена битка за секој поен, за секој сет, но домаќините на крајот имале повеќе и среќа и знаење и дошло до значајните бодови.

Но што е тука е, победите и поразите се составен дел на спортот, одиме понатака.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари