Во претпладневните часови во саботата главна атракција во Градскиот Трговски центар беа двајцата „каскадери“ кои врзани со сајли висеа на фасадата од кулата.

Во прв момент многумина мислеа дека се работи за снимање на некаква сцена од некој филм но откако почнаа да работат со бормашините јасно беше дека за каскадери не станува збор.

Имено тие работеа на поставување рамка на која подоцна се појави реклама на една од компаниите кои нудат игри на среќа во Кочани.

Интересно и забавно беше навистина да се гледаат тие храбри момчиња како без никаков страв висеа на дваесетина метри од земјата.

Храбро, нема што.

С. Ивановски

DSCN0545

DSCN0546

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари