Во петокот на својот роденден, Стојан Рашков ја почна 10 дневната краудфандинг кампања за собирање на финансиски средства за издавање на Трилогијата „Патот на борбата“, односно на првата книга „Трнливиот пат на една македонска фамилија“.

„Патот на борбата“ е животна приказна која читателите ќе ги врати во минатото и ќе ги води до денешницата. Заснована е на вистински настани и личности кои се бореле за Македонија. Таму се наоѓаат податоци и сведоштва за историски ретко познати и заборавени настани од револуционерниот период во Кочани и Осоговијата.

Досега за два дена се соберени 28% од потребните средствата и Рашков упатува благодарност до сите досегашни донатори, но и повик до граѓаните на Општина Кочани да го поддржат финансиски со донации.

Две години по разните архиви посветил на истражување и собирање сведоштва за револуционерниот период во Кочани.

Единствено е разочаран од игнорантскиот однос на раководителите на Општина Кочани каде поднел барање на 03.01.2017 година за финансиски надоместок за научно-истражувачко патување во Русија и Турција. Не бил известен ниту позитивно ниту негативно за неговото барањето а вработените кои се задолжени за културно-историски работи во Општината ниту еднаш не го контактирале во изминатиот период иако имал објавено повеќе текстови на неговиот личен блог и порталот Комарец.

Авторот има сознанија каде се организирале и планирале сите дејствија, особено за атентатот во 1912 година на пазарот во Кочани, настан од геополитичко значење кој бил увертира на Првата Балканска Војна, за што му биле потребни извештаите на турските разузнавачки служби од тој период од турскиот архив.

Бил пресреќен што му се јавиле потомците на еден од учесниците на атентатот да му пренесат сведоштва за настанот. Рашков после промоцијата на книгата ќе спроведе граѓанска иницијата за изградба на спомен обележје на пазарот кое ќе сведочи за тој настан бидејќи после атентатот биле убиени 39 граѓани на Кочани кое било објавено во весник „Волја Софија“ на 24 Јули 1912 година со наслов „Клањето в Кочани“ од дипломатот од Ресен Симеон Радев.

Донирањето е може да се изврши на следниот линк

https://letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/10157

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари