Дека минатогодишниот успех кога на Фолклорниот Фестивал „Пеце Атанасовски“ што се одржа во Прилеп ја освоија првата награда не беше случајност за фолклористите од „Мугри“ – Кочани, се потврди и на годинешниот настап во Свети Николе.

Имено членовите на Фолклорниот Ансамбл „Мугри“ кој работи во склоп на НУЦК „Бели Мугри“ во Кочани, под менторство на Драги Атанасов, на годинешниот Меѓународен Фестивал на изворен фолклор „Тодорица 2017“ што се одржа во Свети Николе ја освоија првата награда за „Најдобра инструментална изведба“.

Ризницата на признанија од година во година се зголемува што е знак дека се работи сериозно и на долги патеки.

С. Ивановски

DSCN0368

DSCN0370

DSCN0371

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари