За само десет дена две сообраќајни несреќи се случија на улицата „Киро Кикенски“ во Кочани.

Првата беше на 4-ти Март кога ПМВ „Опел Корса“ удри во пешак и му нанесе сериозни повреди, а втората несреќата се случила вечерва, а во неа учествувале ПМВ „Ауди“ и дете со велосипед.

Од локалното население ни беа испратени само фотографии за настанот а со подетални информации ќе излеземе во текот на утрешниот ден.

Кога пишувавме дека на оваа улица се вози брзо, и дека населението има поднесено барање за поставување на „легнати полицајци“ многумина со најразлични коментари го сфатија текстот. Едни го оправдуваа а другите со конта коментари кон првите.

Сега што и да напишеме е залудно. Со текстот сакавме да ги предупредиме и возачите но и полицијата, но по се изгледа не беше тогаш сериозно сфатена информацијата од населението што живее на улицата „Киро Кикенски“.

С. Ивановски

56

57

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари