Изминатите години викендичките на „Пониква“ никнуваат како печурки после дожд. И тоа е во ред бидејќи поголемиот дел на плацовите се законски доделени се со цел „Пониква“ да стане една туристичка населба.

Ваквиот брз развој на „Пониква“ по се изгледа најдобро ја користи компанијата „ЕВН“, односно нејзината подружница во Кочани.

Во последно време се поголем е бројот на сопственици на викендички кои се незадоволни од односот кој компанијата „ЕВН“ го спроведува кон нив.

Имено читањето на нивните броила е еднаш или двапати годишно додека во останатите месеци нивните сметки се по т.н. техничко читање, односно никој не ги чита броилата а сметките за потрошена електрична енергија се ставаат од „ракав“. Иако сопствениците на викендичките реагираат „ЕВН“ си работи по свое.

Честопати се случувало некој од сопствениците да не отиде во својата викендичка и половина година, но за тоа добива сметки кои не се во склад со потрошената електрична енергија, и ако сметките се за неколку месеци им се исклучува струјата. За да повторно ја добијат тие мора да платат приклучок да ги платат сметките иако тие се „напумпани“ и работата повторно си тече како да е се во најдобар ред.

Деновиве неколку сопственици на викенд куќички се здружија и сакаат да поднесат заедничка тужба до „ЕВН“ бидејќи со евентуалното плаќање на сметките за електрична енергија кои воопшто ја немаат користено, тие всушност треба да ја кредитираат компанијата.

Иако некои од адвокатите ги советувале дека таа работа тешко ќе оди бидејќи против „ЕВН“ тешко дека некој наплатил тужба, тие се решителни да ја истераат правдата до крај

И што сега, како понатака?

Сметките со „надуена“ потрошена електрична енергија и понатака ќе пристигнуваат кај сопствениците на викенд куќичките, бидејќи нема суд што ќе се стави во нивна заштита и ќе отвори процес за незаконска наплата од страна на „ЕВН“.

Има ли крај на ова лудило?

С. Ивановски

DSCN1814

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари