Девојчињата од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ предводени од професорот Соња Јовиќ Матеничарски се победници на годинешните Општински натпревари во кошарка кои во организација на Сојузот на училишен спорт се одржаа денес во салата „Никола Карев“ во Кочани.

Во првиот полуфинален натпревар „Св. Кирил и Методиј“ со високи 30:04 ги совладаа своите противници од ОУ „Крсте Петков Мисирков“, а додека во финалето беа поуспешни од „Никола Карев“ со резултат 34:21.

Со освојувањето на првото место девојчињата од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ обезбедија настап на Зонските натпревари кои следниот Четврток се планирани да се одржат во Македонска Каменица.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари