ПС Кочани поднесе кривична пријава против А.В. (47) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“.

На 07.02.2017 година пријавениот отишол во адвокатската канцеларија на Г.Р. од Кочани, каде освен него биле присутни и лицата  Д.Д.,  Д.Р., И.Г. и Д.Е..

Пријавениот побарал да разговара со оштетениот Г.Р., но откако му било кажано да почека, веднаш почнал да вика на висок тон и почнал да му се заканува со сериозни закани, дури и со убиство. Во еден момент се приближил до Г.Р. и го фатил за јаката од кошулата, но бил спречен од Д.Д..  После тоа пријавениот почнал да им се заканува и на присутните со што предизвикал страв и вознемиреност кај нив.

Извор: Дневни билтени на МВР

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари