Некои медиуми со цел да ја прикажат ФФМ дека работи подеднакво за сите Општински Фудбалски Сојузи побрзаа да објават дека првата фаза од модернизирањето на стадионот „Никола Мантов“ е во завршна фаза, односно дека првиот од двата дела предвидени за фудбалскиот терен деновиве завршува.

Како надополнување на нивните тврдења беше пренесена и изјавата на Претседателот на Третата Фудбалска Лига – Исток Владо Андов кој рече дека станувало збор за цевководна инсталација и водени топови со распрскувачи со кои ќе се врши наводнување на тревата на теренот. Дека опремата била автоматизирана што значело дека наводнувањето ќе се врши според потребите од сопствен бунар за техничка вода со што ќе се намалат значително трошоците по тој основ.

Според она што деновиве го нотиравме на самиот стадион, од изјавата на Андов дадена за неколку медиуми единственото точно е дека наводнувањето ќе се врши од сопствен бунар.

DSCN0430

Претседателот на Општинскиот Фудбалски Сојуз на Кочани Љупчо Папазов пореално ги гледа работите. Како што ни изјави, водата што ќе се користи за наводнување на теренот ќе биде одделена од онаа што ќе се користи во соблекувалните. За теренот ќе биде од сопствен бунар а во соблекувалните, како и до сега од постоечкиот систем на КЈП „Водовод“ – Кочани. Интересно е и тоа дека наводнувањето нема да биде со водени топови со распрскувачи, туку како и досега теренот ќе се полева со црева, кои во ново поставените шахти ќе се поставуваат по потреба.

Радоста на љубителите на фудбалот во Кочани и околината дека конечно општината ќе добие модерен фудбалски терен на кој ќе се играат и меѓународни натпревари се распрсна како меур од сапуница.

Дали ветувањата од ФФМ беа додека Илчо Ѓоргиоски го добиеше вториот мандат, е прашањето кое треба на челниците од ФФМ да им го постават одговорните во општината, односно оние кои целиот тој проект го договараа и како што се зборува низ чаршијата имале за тоа потпишано договор.

С. Ивановски

DSCN0432

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари