Амбасадорот на Унгарија, Ласлу Иштван Дукс ја посети Општина Кочани. На средбата со градоначалникот Ратко Димитровски беше нагласена потребата за зајакнување на соработката меѓу локалните заедници од двете земји.

„Во Македонија сум од август и ова е моја прва официјална посета на Кочани. Кочани има посебно место во унгарско-македонските односи, тоа е град што прв воспостави соработка за збратимување со некој унгарски град, како што е Сигетсентмиклош. Со градоначалникот разговаравме за економската соработка на планот на геотермалната енергија и во земјоделството“ изјави амбасадорот Дукс.

Градоначалникот Димитровски соопшти дека на средбата со амбасадорот Дукс се разговарало за проширување на стопанската соработка со унгарските градови.

„Република Унгарија стипендира пет наши млади студенти – Роми, и со економскиот претставник на унгарската трговска куќа во Република Македонија сакаме да оствариме контакти за да можеме да ги презентираме производите од Кочани и на инвеститорите да им ги претставиме можностите за инвестирање во општината Кочани“ рече градоначалникот Димитровски.

Во рамките на посетата на Општина Кочани, унгарскиот амбасадор оствари средба со учениците Роми, стипендисти на Владата на Унгарија, што е особено важно во поддршката на развојната политика.

DSCN0655

DSCN0658

DSCN0622

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари