ЗАПОЧНА НАВОДНУВАЊЕТО НА ОРИЗОВИТЕ ПОЛИЊА ВО КО КОЧАНИ

април 18, 2023
0 минути

Како што информираат од АД „Водостопанство“ на Република Северна Македонија – подружница „Брегалница“ – Кочани од денес започна наводнувањето на оризовите полиња во КО Кочани, односно во месноста Босевица и Сазлк.

Пред речиси една седмица (12 Април) вода беше пуштена во оризовите полиња на населбата Оризари и општина Зрновци, денес во КО Кочани а како што дознаваме според редоследот на ред е КО Облешево каде според прогнозите водата ќе треба да биде пуштена на 21 овој месец.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ