Во амфитеатарот на „Славјанскиот факултет“ во Свети Николе вечерва се одржа манифестацијата „најдоброто од истокот 2016“ која трета година по ред ја организираат Здружението на наовинари од Македонија – од источниот регион.

Вечрва беа доделени признанијата во 14 области за кои новинарите сметаа дека се најдобрите во Источниот регион за изминатата година.

Кочани ја имаше таа шест да во четири категории нивни претставнивци добија признанија. Во областа на „Невладиниот сектор“ признанието му припадна на „Ротари клубот Кочани – Виница“, од областа на „Спортот“ ПСД „Осогово“, од областа на „Стопанството“, Печатница „Европа ’92“ и од „Истражувачкото новинарство“ Горан Лефков.

DSCN0862

Другите признанија ги добија:

– Од областа на рударството, Јонче Стојковски – Рудница „Саса“

– Менаџер на годината, Николајчо Николов Заменик Генерален директор во „Бучим“ – Радовиш

– Од областа на културата, Кирил Трајков и мандолинскиот оркестар „Свети Николај“ – Свети Николе

– Од здравството, докторите Николов и Јовев од Ангиографско одделение на Клиничка болница – Штип

– Од образованието, проф. Соња Даниловска – ОУ „Никола карев“ – Пробиштип

– Од Областа туризам, Хотел „Манастир“ – Берово

– Од областа на хуманоста, Компанија „Албиро“ – Делчево

– Од областа на книжевноста, Миле Ѓорѓијоски

-Најдобар новинар на истокот, Даниела Таќева

Годинава „Посебното признание“ за заслугите во здравството му беше доделено на д-р Жан Митрев

DSCN0842

 

Наградите на најдобрите за 2016 година им ги врачи Иван Бојаџиски – Претседател на Здружението на новинари од источниот регион

По церемонијата на доделување на признанијата за гостите и добитниците беше организирана забава на која за добрата атмосфера се погрижи оркестарот „Табиет“ од Свети Николе.

С. Ивановски

DSCN0716

DSCN0745

DSCN0714

 

DSCN0697

DSCN0793

DSCN0737

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари