Екипата на СОУ „Љупчо Сандов“ од Кочани го зазеде третото место на Републичкото првенство во кошарка кое во организација на Федерацијата на Училишен Спорт на Македонија од четврток до денес (Сабота) се одржа во Скопје.

На првенството учествуваа шесте најдобри средни училишта од републиката кои беа поделени во две групи.

Во Групата А се најдоа екипите на: „Никола Карев“ (Скопје), „Таки Даскалот“ (Битола) и Добри Даскалов (Кавадрци), а во групата Б освен екипата на „Љупчо Сантов“ играа и екипите на „Методија Митевски – Брицо“ (Скопје) и Јовче Тесличков (Велес).

Резултати од групата „А“

Никола Карев – Таки Даскалот  49:43

Доби Даскалов – Таки Даскалот  70:49

Никола Карев – Добри Даскалов  57:39

Резултати од групата „Б“

Методија Митевски Брицо – Јовче Тесличков  58:44

Методија Митевски Брицо – Љупчо Сантов  66:33

Љупчо Сантов – Јовче Тесличков  59:48

1/2  финале:

Никола Карев – Љупчо Сантов  68:54

Методија Митевски Брицо – Добри Даскалов  65:48

За 3-то место: 

Љупчо Сантов – Добри Даскалов  57:52

Финале:

Никола Карев – Методија Митевски Брицо  54:50

С. Ивановски

63

64

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари