Пред неколку минути добивме фотографии на кои убаво се гледа за несовесноста на еден возач.

Имено тој на влезот кон „Интерно одделение“ во Општа Болница – Кочани го паркирал своето возило со што ги спречува возилата со итна помош да поминат.

Ниту возилата од Општа Болница – Кочани, ниту возилото со пациент од Берово не можеле да поминат па се снаоѓале како знаат и умеат

Иако пред еден час ја известиле полицијата, таа уште не е дојдена на местото за да направи записник или да го почека несовесниот возач и да поразговара со него за да му ја пренесе сообраќајната култура.

Не се познати причините за ваквиот начин на паркирање.

С. Ивановски

62

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари