ДЕСЕТКА ЗА ДОМАЌИНКИТЕ ОД КОЧАНИ

Во Спорт
април 19, 2023
1 минути

Се одигра 16-тото вонредно коло во Прва Фудбалска Лига за жени. Фаворитите забележаа победи и состојбата на табелата не претрпе промени.

Девојчињата од „Кочани“ ја пречекаа екипата на „Скопје 2014“. Се покажаа навистина како „вредни“ домаќинки и од скопјанки за гостопримството заработија чиста десетка, „Кочани“ – „Скопје 2014“ 0:10 (0:5). Стрелци на головите за гостинките беа: Рабија Дервиши 15’69’77’, Кристина Крстева 3’, Миа Голевска 25’, Андреа Колевска 27’, Ангела Стојковска 44’, Михаела Додевска 48’, Ева Величковска 83’ и Ева Конева 86’.

Лидерот на табелата „Љуботен“ со доста мака ја совлада екипата на „Деспина“ а „Каменица Саса“ немаше тешка задача против „СЦ Истатов“. „Ас Јунајтед“ славеше над „Речица“ и ја помина екипата на „Тиверија“ на табелата која во ова коло беше слободна. И велешанки мака мачат во првенството, прерпеа пораз како домаќинки од „Шкендија“.

Резултати од 16-тото коло:

„Кочани“ – „Скопје 2014“  0:10

„Ас Јунајтед“ – „Речица“  6:2

„Љуботен“ – „Деспина“  2:1

„Каменица Саса“ – „СЦ Истатов“  7:0

„Борец“ – „Шкендија“  0:4

Слободна во ова коло беше екипата на „Тиверија“.

С.  Ивановсји

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ