По успешната операција на левото колено еден од најперспективните играчи на „Осогово“ Драган Паунов се врати на зелениот терен.

Повредата на менискусот на левата нога беше фатална за Паунов, кој во есенскиот дел на првенството повеќе паузираше отколку што играше.

Но сега за него тоа е само еден лош сон, Паунов повторно е на зелениот терен, секојдневно работи и очекува дека до крајот на првенството ќе може со своите настапи да му помогне на „Осогово“.

Љубителите на фудбалот во Кочани посебно навивачката група „Сејмени“ со нетрпение го очекуваат.

„Повредата за мене е минато. Воопшто не мислам на неа. И повредите се дел од спортот. Не се разочарав иако подолго време чекав да биде закажана операцијата. Сега кога е се готово се надевам на брзо влегување во форма, на добри игри и секако голови во противничките мрежи„ беше кратката изјава на Паунов по еден одржан тренинг на стадионот „Никола Мантов“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари