По повод „Денот на екологијата“, Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски одржа прес конференција во Детското игралиште во „Паркот на револуцијата“.
Димитровски ги запозна граѓаните дека не само ова, туку и останатите детски игралишта се освежени, оштетените реквизити се заменети со нови, се со цел најмладите удобно да се чувствуваат.
Воедно Градоначалникот потенцираше дека општината, комуналните редари и полицијата ќе го спречат уништувањето на игралиштата но упати и апел до сите жители на Кочани дека и тие треба да бидат „чуварите“ на овие детски игралишта бидејќи за нивно одржување се трошат средства од Буџетот.
Освен општината во овој проект се вклучени и вработените од КЈП „Водовод“ – Кочани.
С. Ивановски
Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.