Градот херој Прилеп за време на викендот беше домаќин на „Државното првенство во џудо“ за сениори и пионери.

На првенството се појавија 280 натпреварувачи од речиси сите клубови во државата.

Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани учествуваше со 16 натпреварувачи во сениорска и пионерска конкуренција.

Во сениорска конкуренција Драгана Савева во категоријата +78 го освои сребрениот медал а Александар Алексов стигна до бронзата во категоријата +100 килограми исто како и Јована Арсова во категоријата до 63 килограми.

Во категоријата „Пионери“, Резарта Алими го освои златниот медал, до 52 килограми исто како Дамјан Крстов до 46 килограми.

Со бронзата се закитија Христијан Павлов до 50 килограми, Стефанија Павлова и Лина Крстова и двете до 32 килограми.

С. Ивановски

62

63

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари