Денешната прес конференција на Градоначалникот на Општина Кочани Ратко Димитровски која се однесуваше за „големото“ освежување на детските игралишта беше искористена и да му се постават неколку прашања.

На укажувањето дека утре е 22.Март кога според Законот за „Локална Самоуправа“ му завршува нему и на советниците на Општина Кочани мандатот, исто како и на сите градоначалници и советници во државата освен на Андреј Жерновски (избран во трет круг на гласање), Димитровски со коментар дека погрешна ни е информацијата, дека тие веќе имаат добиено толкување од „Секретаријатот за законодавство на Република Македонија“ дека мандатот им завршува во првата половина од месец Мај!

Е сега кому да му се верува, дали на секретаријатот, дали на професорите и експертите по уставно право, дали на желбата да се остане уште некој месец на кормилото на општината за да се завршат недовршените работи.

Колку финансиски ќе ја чини општината ваквото пролонгирањето за два месеци може лесно да се пресмета, но факт е дека некој има две различни размислувања и толкувања кога е во прашање еден ист проблем.

Останува наше, кому ќе му веруваме.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари