Денес на програмата беа 1/4 финалните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија во женска конкуренција. Постигнати се очекуваните резултати но сепак два натпревара го свртеа вниманието на фудбалска јавност.

„Жетварките“ гостуваа во Битола каде домаќин им беше екипата на „Топ Гол“ Натпреварот е прекинат во 58 минута при водство на кочанчанки од 1:0 со голот што од пенал го постигна Катарина Петровиќ. Причините поради кои е прекинат натпреварот се чудни, како што наведуваат службените лица натпреварот бил прекинат бидејќи пет домашни играчи се пожалиле на повреди, па согласно пропозициите истиот не можел да продолжи. Да биде иронијата комплетирана од овој натпревар, уште во 2’ се повредил судијата Темелков па бил заменет од првиот помошник Тоше Ицев.

Вториот натпревар кој сега стана интересен и за полицијата е натпреварот „Драгон 2014“ – „Борец“ 4:3. Имено МВР и ФФМ започнале истрага за овој натпревар поради наводни нерегуларности. Натпреварот бил закажан во претпладневните часови 10:00, се наоѓал на интернет обложувалниците а по неколку пресврти се дошло до конечните 4:3 за домаќините. Но тоа си е работа со која треба да се позанимаваат а и да докажат надлежните служби.

Резултати од 14  финалните натпревари:

Топ Гол – Кочани  0:1 (прекината во 58 минута)

Драгон 2014 – Борец  4:3

Истатов – Речица 8:0

Тиверија – Атлетико  3:1

Дали по срамните резултати на репрезентацијата и замрзнувањето за нејзино учество на меѓународни натпревари во време траење од пет години на ред се сега и клубовите, Бидејќи ако се докажат некои недоследности од денешните натпревари се може да се случи.

Но да го почекаме официјалното соопштение на ФФМ

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари