Никако да се научат земјоделците дека палењето стрништа може да предизвика поголеми пожари со огромни последици.

Кога кон крајот на месец Август 2011 година од запалено стрниште беше загрозено селото Кучичино, но благодарение со брзата интервенција на ТППЕ Кочани и на дружите противпожарни единци не се дозволи селото да биде уништено.

За жал таа поука никој не ја почитува за што сведочат пожарите кои последните десетина дена ги има во изобилство.

Во петокот силниот ветер ги разгоре запалените стрништа до магистралниот пат Кочани – Штип па се случуваше за да учесниците во сообраќајот ги избегнат пламените јазици кои беа зафатиле половина од едната коловозна лента да возат по другата со што беше доведена во прашање и нивната безбедност. Истиот ден во вечерните часови на само неколку метри од куќите во Облешево се гледаа големи огнови. Во вторникот навечер благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица од Кочани беше спречен голем пошар во непосредна близина на Зрновци.

Освен пожарите во рамничарските делови огнови имаше и во планинските.

Над населбата Оризари беше запалена сува трева и нискостеблеста шума, а додека во близината на селото Костин Дол беше избувнат пожар со големи размери во кој беше запалена дабова шума и смрека како и родни дрвца во еден овоштарник. Но по шест часа сепак петте пожарникари опремени со две возила успеаја да го изгаснат пожарот.

Крајно време е и надлежните органи да ја сфатат посериозно оваа појава, која години наназад е присутна. Се знае кој го пали стрништето па затоа е и потребно да почнат да се поднесуваат кривични пријави против оние на чиј посед гори стрниште. Вака ќе чекаме нешто поголемо да се случи па да му се пријде посериозно на овој сега веќе голем проблем.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари