По повод патрониот празник на ОУ „Раде Кратовче“ и СОУ „Љупчо Сантов“ денес делегации од Општина Кочани и од „Сојузот на борците од НОБ“ положија свежо цвеќе најпрвин на бистите на хероите во нивните училишни дворови а потоа и на бистите во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани.

Група ученици и професори од ОУ „Раде Кратовче“ како и по еден претставник од ОУ „Никола Карев“ и ОУ „Св. Кирил и Методиј“ го посетија споменикот во селото Главовица каде Раде Кратовче и Љупчо Сантов во борба со помногубројниот окупатор ги дадоа своите млади животи за денешната слобода.

Нека им е вечна слава.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари