ОУ „Раде Кратовче“ денес на оригинален и достоинствен начин го одбележа својот патронен празник.

Делегација од триесетина членови од училиштето, составена од ученици и наставници го посетија местото каде што загинаа кочанските херои Раде Кратовче и Љупчо Сантов, во близина на селото Главовица.

На споменикот издигнат во нивна чест, учениците положија свежо цвеќе и приредија кратка пригодна програма со песна посветена на Раде Кратовче и читање во чест на нивниот патрон.

За да дојдат на самото место каде што загинал нивниот патрон, мораа да пропешачат околу 15 км поаѓајќи од селото Цера до каде што стигнаа со превоз обезбеден од локалната самоуправа.

111

222

5

6

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари