Дваесет и три дена трае протестот под мотото „За заедничка Македонија“ преку кој група на граѓани на демократски начин го искажуваат своето незадоволство од т. „Тиранска платформа“. Но рековме тоа е демократија и треба да се почитува.

Гледајќи ги оние кои секој ден се во групата не може а де не ги видиме нашите пријатели со кои заедно пиеме кафе, заедно се обложуваме“ на заеднички настани присуствуваме, едноставно сме заедно по цел ден во нашиот прекрасен но се поиспразнет град.

И во оваа група на народ, како и во секоја друга  има интелигенција, но има и по некој кој сето тоа мора да изнајде начин да го „оцрни“ се со цел да биде забележан и на еден перфиден начин си го лекува комплексот на пониска вредност.

Но добро, тоа е проблем со кој треба да се позанимаваат организаторите на овие протести се со цел да не дојде до нешто што никој не го посакува.

Токму и ние во првите денови бевме мета на поединци кои движејќи се во колоната со вулгарности ни се обраќаа на што и ние не останавме имуни. И тие по нас со „каменот“, и ние по нив со „каменот“. Но она што го доживеавме во вторникот не натера да размислиме дали во групата случајно се нашол и по некој заведен, или некој под дејство на алкохол, бидејќи тоа нормален човек не го прави.

Некому да му речете дека е предавник треба да имате храброст и во лице тоа да му го кажете, а не да гледате надолу во асфалтот, да го именувате а оние околу него да се кезат не баре гледале некоја комедија. Но на некои до овде им е и културата и паметот што е пак исклучиво нивни проблем.

Искрено јас ги разбирам токму тие кои постојано дофрлуваат на оние кои не се со нив во колоната, бидејќи и самите знаат дека голем дел од нив се вработија без огласи, дека преку ноќ зедоа дипломи за завршено средно образование кое дваесет години не успеале да го обезбедат, не одат на работа, а земаат плата како и дека имаат и ред други привилегии.

Јавно сакам да ги прашам „Зошто сме предавници“? Дали затоа што им ги со години покриваме сите политички настани на кои сме поканети, дали затоа што не избркаа од работа за да на наше место влетаат двајца со партиски книшки, дали затоа што им ја пишуваме реалноста, дали за тоа што со право критикуваме нешта од кои не се задоволни граѓаните. И навистина има долга низа „ДАЛИ“? Но одговорот си го знаат тие на кои некој им кажал како спрема некого во даден момент треба да се однесуваат.

Не оди така работата мои пријатели. Утре пак ќе сакате да седнеме заедно на кафе муабет, за што сега јас пак би Ве прашал, „Како ќе се чувствувате тогаш да бидете во друштво на предавници“?

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари