Македонска Каменица беше домаќин на „Зонското првенство во кошарка“ за девојчиња,

Претставникот на Кочани, екипата на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ го зазеде второто место откако во финалето загуби од истоимената домашна екипа со резултат 28:33, во регуларниот дел натпреварот заврши без победник 28:28.

Кочанчанки во финалето влегоа благодарение на одличната игра во полуфиналниот натпревар во кој ги совладаа девојчињата од ОУ „Ванчо Прке“ од Делчево 23:17.

Иако кошаркарските на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ се второпласирани, сепак имаат шанси да учествуваат на „Државното првенство“ доколку Федерацијата на училишен спорт на Македонија првенството одлучи да се одржи во Кочани.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари