Се одиграа натпреварите од 12-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени. Екипата на „Кочани“ со головите на Катарина Петровиќ и Анета Горгиева по првото полувреме водеше со 3:0 како гостин кај екипата на „Речица“, а домаќините единствениот гол го постигнаа во второто полувреме од пена.

Мошне интересен момент се случи на почетокот на натпреварот. Откако судијата даде знак за почеток на натпреварот, Анета Горгиева ја врати топката во задното поле, на неа наттрча Катарина Петрович и со удар од својата половина топката ја упати директно во мрежата на домаќините. По слободна проценка ударот е изведен од преку 50 метри а на топката и требале 3-4 секунди да отседне во мрежата на голот на „Речица“.

Мошне интересно беше и на натпреварот во Битола „Атлетико“ – „Истатов“  кој заврши без победник 1:1. Домаќинките го израмниле резултатот на две минути пред крајот на натпреварот од пенал, а гостите најавиле веќе жалба за некои недоследности и правдата ќе ја бараат преку органите на ФФМ.

На останатите два натпревари победи за домашните екипи, „Драгон“ го совлада „Ас Јунајтед“ со 5:0 а додека во Велес натпреварот „Борец“ – „Топ Гол“ заврши со победа на велешанки 4:3.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари